40 години после Кристо, уметникот Џеј-Ар го обвитка парискиот мост Пон Неф
Мостот Пон Неф на реката Сена доби нов изглед, 40 години откако уметникот Кристо за првпат го обвитка со ткаенина најстариот мост во Париз. Францускиот фотограф и уметник Џеј-Ар создаде спектакуларно дело насловено „Пештерата на Пон Неф“ (La Caverne du Pont Neuf) , кое го претвора мостот во пештера низ која посетителите можат да поминуваат. Инсталацијата

