Скопска општина дели субвенции за велосипеди и е-велосипеди до 3.000 денари
Општина Центар ја активира новата мерка за поддршка на граѓаните кои избираат одржлив и здрав начин на движење, преку субвенционирање на купување велосипеди, електрични велосипеди и придружна опрема. Како што информираат од општината, програмата има за цел да ги поттикне жителите почесто да го користат велосипедот како алтернатива на автомобилите,






