Нови детски катчиња во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“
Најмладите жители на Аеродром ќе добијат нови места за игра, дружење и за создавање убави спомени. По неколку децении, се поставува ново детско игралиште со современи реквизити на локацијата меѓу воените кули во Стар Аеродром. На ова место ќе биде поставена и нова урбана опрема за уште попријатно и пофункционално катче за децата и за возрасните. –


