Чупиќ: Вардар имаше свои шанси, ама Мелсунген заслужено победи
РК Вардар вчера по пет години пауза се врати таму каде што му е местото, во елитната ракометна лига, во Лигата на Шампионите. Сепак некогашниот двоен европски првак од 2017 и 2019 не успеа да дојде до добар резултат на гостувањето кај германскиот Мелсунген. Македонскиот шампион беше поразен со 33:31, иако во текот на целиот меч одигра сосема добро








