Француска министерка: НАТО не е за операции надвор од Европа
Париз – Француската министерка за војска, Алис Руфо, изјави дека НАТО не е предвиден за операции надвор од евроатлантскиот регион, вклучително и во Ормуската Теснина. „Тоа е воен сојуз што се занимава со безбедноста на евроатлантскиот регион. Не е наменет за операции во Ормуската Теснина, што би претставувало кршење на меѓународното право“, рече Руфо









