Во стан во Битола пронајден починат 19 годишен маж
Секторот за внатрешни работи Битола информира дека денеска во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, бил пронајден починат А.Д.(19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а од страна на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.









