Цепелинот во режија на Кастратовиќ - Будимир по кој еруптираше вулканот Кале
Историјата за македонскиот ракомет беше испишана на 19 мај 2002. Денот кога Македонија доби европски првак во името на Кометал Ѓорче Петров. Во реваншот падна Херц Ференцварош со 26-22, после поразот таму од два гола разлика. Крцаше легендарната Кале, но и плоштадот во Скопје. Точка на мечот стави Андријана Будимир на незаборавен начин, со цепелин

