Бугарската полиција откри фарма за марихуана во некогашен рудник за цинк близу границата со Македонија
Бугарската полиција уапси три лица и трага по уште едно откако во рамките на истрага за шверц на дрога и перење пари беше откриена фарма за марихуана, изградена во некогашен рудник за цинк близу границата со Македонија. Досега се запленети околу 70 килограми дрога, 600.000 евра во готовина и 600 парчиња муниција, изјави Емил Борисов, заменик-директор








