Власта го донесе Законот за набавки во 4 очи до 120.000 евра со укината контрола на Бирото за јавни набавки, гласаа само 63 нивни пратеници
И покрај предупредувањата дека се предлага Закон за јавни набавки кој им ги одврзува рацете на функционерите за корупција, а на јавноста ѝ се забранува да го контролира трошењето на народните пари, ВМРО-ДПМНЕ, Влен и Знам со 63 гласа „за“, го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, на вчерашната собраниска седница.








