Војдан Стојановски пред Австрија: „Нашата цел е јасна – победа!“
Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација денеска во Виена го започнува вториот претквалификациски циклус за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година. Првиот предизвик за избраниците на селекторот Хозе Мариа Берокал е селекцијата на Австрија, а позитивен резултат на гостинскиот терен би претставувал исклучително


