Возач на „Мерцедес“ загина во Чаир, се судрил со комбе на улицата „Цветан Димов“
75-годишен жител на Скопје го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево на улицата „Цветан Димов“ во населбата Чаир, соопшти МВР. Според полицијата, несреќата е пријавена во 10:15 часот. Во неа учествувале автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, кој го возел загинатиот возач М.Д. и комбе „Фиат“ со кумановски регистарски