Џорџина им одговори на критичарите: „Моето тело ќе се промени, исто како што се менува телото на секоја жена“
Џорџина Родригез сподели серија фотографии од нејзиниот одмор во Шпанија на Инстаграм, каде што ги поминува деновите со својот вереник Кристијано Роналдо и нивните деца. Објавата предизвика голем интерес кај нејзините следбеници. Додека многумина ја пофалија, некои од коментарите беа за нејзиниот изглед и тело. „Џорџина е нападната затоа што е природна“,





