Quantum светскиот форум во Скопје: Запознајте ги иноваторите на следната генерација хотелски технологии
На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo. Форумот има за цел да ги поврзе иноваторите, хотелиерите и технолошките компании во областите на вештачката интелигенција, cloud технологиите и дистрибутивните канали.




