На 14 февруари сите патишта водат кон СЦ „Јане Сандански“, Сенидах го избра Скопје за најемотивната вечер во годината
На 14 февруари, денот кога се слават и љубовта и виното, Скопје ќе има уште една причина за славење, а тоа е првиот солистички концерт на Сенидах . Таа вечер СЦ „Јане Сандански“ ќе стане простор каде што емоцијата ќе се пие на голтки, а музиката ќе се чувствува без задршка, претворајќи се во интензивно доживување исполнето со блискост и заеднички моменти




