Обвинителство на Хиос: Мароканец уапсен под сомнение за шверц на нелегални имигранти на Хиос
Обвинителството на грчкиот остров Хиос издаде налог за апсење на марокански државјанин кој бил на брод со мигранти што потонал кај брегот на Мирсиниди синоќа. Властите соопштија дека уапсениот Мароканец е осомничен за шверц на нелегални имигранти, како и дека сите мигранти на бродот биле Авганистанци. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 25 се повредени










