Бегството на Ашковски од Иран кој морал да ја плати слободата
Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски имал тешко патешествие на патот од Техеран до Скопје долг 3.200 км. Се соочил со затворени аеродроми и долго и неизвесно копнено патување со многу проблеми, без виза, а на почеток и без пасош. Клучен играч кој му помогнал од почеток до крај бил Мердар, шоферот на албанскиот репрезентативец Јасир Асани.





