Жена остана без 16.592 денари по лажна смс порака за сообраќаен прекршок
Велешанка (43) пријави во СВР Велес дека е измамена за сума од 16.592 денари, откако доби лажна смс порака за наводен сообраќаен прекршок. Според информациите од полицијата, на 5 мај 2026 година таа добила порака во која било наведено дека треба да плати казна за сторен сообраќаен прекршок. Во пораката имало линк до веб-страница со насоки за плаќање,









