Реал повторно разочара, не успеа дома да ја победи Џирона
По поразот од Баерн Минхен, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, Реал Мадрид доживеа уште еден шок на „Сантијаго Бернабеу“. Реал не успеа да ја победи Џирона (1:1) и речи испадна од борбата за шампионската титула. Реал сега има шест поени помалку од Барселона, а доколку утре Барса во градското дерби го победи Еспањол, разликата





