Во рамки на оперативната акција „Чистач“ уапсени три лица од Скопје за уцена и закани: барале 10.000 евра од жител на Делчево
Во рамки на оперативната акција „Чистач“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во содејство со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршија претреси на две локации и лишија од слобода три лица од Скопје, З.Б.(61), М.Б.(35) и Б.(43). Акцијата е реализирана по оформен предмет








