Без вода дел од една скопска општина
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (10.01.2026) поради уличен водоводен дефект од ф-100мм на улицата „Роналд Реган“ бб (кај трафостаница на ЕВН) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Роналд Реган и Никола Малешевски. Водоснабдувањето е прекинато од 10:20 часот до завршување со санација на дефектот.


