Театарски претстави, фестивал на електронска музика, изложба, стенд ап настап на Бојан Велевски – Еве што ќе гледаме оваа недела на “Бит Фест” во Битола
Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, оваа недела ќе донесе интересни содржини за битолската публика. Денеска со почеток од 21:00 часот, на Малото плато пред Офицерски дом ќе се одигра театарската претстава „Сега му е мајката“, во продукција на Алтернативен театар „Пробатон“ од Свети Николе. Претставата е по текст на Горан Стефановски, во режија на