Седум возачи приведени поради безобѕирно управување со возило
Според Министерството за внатрешни работи, полицијата во изминатото деноноќие привела седум возачи на различни локации во државата поради сомневање за безобѕирно управување со возило. Четворица немале положен возачки испит. Полицијата разговарала и со родителите на двајца 17-годишници кои возеле нерегистрирани мотоцикли без право на управување. Магдалена








