Тешка несреќа во Скопје: Маж паднал од електричен тротинет на булеварот „Гоце Делчев“
Четириесет и осумгодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал додека управувал електричен тротинет на велосипедска патека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 6 ноември околу 17:40 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје. Повредениот бил пренесен








