„Мајка“ ќе се прикажува во 230 киносали во Франција; Филмот на Теона Митевска со премиера во Париз
Филмот „Мајка“, најновото остварување на Теона Стругар-Митевска, од 3 декември официјално почнува со дистрибуција во Франција. Премиерата во Париз помина со исклучителен интерес. Париското кино „Берси“ (UGC Bercy) беше целосно распродадено, а проекцијата во кинокомплексот „Конвенцијата Пате“ се одржа со голема посетеност, што го потврдува интересот










