Зеленски најави консултации со партнери за чекорите кон завршување на војната
Украина во наредните денови ќе се консултира со своите партнери за чекорите кои ќе доведат до завршување на руската војна против Украина, соопшти Канцеларијата на украинскиот претседател во саботата. Претседателот Володимир Зеленски го одобрил составот на делегацијата, предводена од шефот на неговиот кабинет, која вклучува високи безбедносни функционери









