Силувал и претепал 82-годишна жена - уапсен маж од Паланечко
Вчера, во 11:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ. Д. (51) од кривопаланечко село. Тој се сомничи дека физички ја нападнал и силувал 82-годишна жена од истото село. Ѓ. Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.