Нова смрт со траги од насилство во Ѓорче Петров – ќерка ја пронашла почината својата 76-годишна мајка
Седумдесет и шестгодишна жена е пронајдена почината со видливи траги од насилство во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е втор случај за само пет дена во истата општина во кој лице е пронајдено починато во дом со траги од насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот денеска (27 октомври),







