Барселона го доби „да“ од Рашфорд: Англичанецот е чекор до тригодишен договор
Маркус Рашфорд е многу блиску до останување во Барселона на подолг рок, откако клубот и неговите претставници, според најновите извештаи, постигнале напредок околу личните услови и платата. Каталонските медиуми тврдат дека напаѓачот прифатил значително намалување на примањата за да се олесни трансферот и да се вклопи во финансиските рамки на клубот


