МЗТ Скопје поразен од Ираклис, Грците најавија пријава до ФИБА поради политички транспарент
Екипата на МЗТ Скопје со пораз го започна настапот во ФИБА Европа купот, откако во СЦ „Јане Сандански“ загуби од грчки Ираклис со 59:64. Натпреварот беше исклучително тврд и неизвесен, а двете екипи во текот на целиот меч играа агресивно во одбраната. Токму поради тоа, публиката не виде голем број поени, а победникот беше решен во драматичната завршница










