Халанд тужи авиокомпанија поради реклама во која е прикажана неговата фризура
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, поднесе тужба против норвешката авиокомпанија „Norwegian Air Shuttle ASA“. Причината е реклама во која компанијата ја искористила неговата карактеристична фризура и ја вметнала врз фотографија од авион, пренесува „Дејли мејл“. Со години, Халанд беше препознатлив по своето опавче – заштитен знак на неговиот








