Општина Кисела Вода и „Нула Отпад“ со проектот „Мал еко херој“ во градинките
Преку интерактивни активности прилагодени на нивната возраст, дечињата од градинката „Пеперутка 3“ од Драчево, денес станаа вистински „мали еко херои“. Заедно со тимот на „Нула Отпад“ и нивниот главен лик, роботчето Нула, тие преку анимирани приказни, песни и едукативни игри учеа зошто старите батерии и расипаните електронски уреди не смеат да завршат






