Ви текнува на Јоанис Бурусис? Ене го во четврта лига дава победнички поени
Легендарниот грчки центар Јоанис Бурусис кој пред пет години ја заврши богатата играчка кариера која му траеше цели 21 година, пред извесно време решил пак да се активира. Го облекол дресот на четвртолигашот Анагенезис од неговиот роден град Кардица. На последниот натпревар дал победнички кош, имал 21 поен, 15 скока и 4 асистенции за 25 минути на паркетот

