Луѓето не загинаа од активација на пожар, туку немаа каде да бегаат, кажа обвинителот Јакимовски Откако одбраната побара ослободување на обвинетите за трагедијата во „Пулс”
Горан Игновски, продавач на опрема за концерти, повеќе за озвучување и осветлување, а помалку за сценски ефекти, прскалки и пиротехника, на денешното судско рочиште за тешката трагедија во кочанското диско „Пулс” кажа дека на групата „ДНК“ пред две и пол години ѝ продал осум топли прскалки, но неговите биле со „дострел” во висина од два метра, а овие









