Шешко беше творец на нов пресврт за Манчестер јунајтед
Манчестер јунајтед успеа да го совлада Кристал Палас на домашен терен со 2-1, откако со пресврт славеше нов триумф. Максенс Лакроа во четвртата минута погоди за водство на Кристал Палас, но на почетокот на вториот дел токму стрелецот беше исклучен. Бруно Фернандеш израмни од пенал во 57-та минута, а пресвртот го донесе Бењамин Шешко во 65-тата минута


