Белица повторно „романтичар“ во битката за опстанок
Искусниот стопер Егзон Белица повторно се врати во Работнички. Клубот денеска официјално соопшти дека е постигнат договор со 35-годишниот дефанзивец, кој веќе го одработи и својот прв тренинг со тимот. Стружанецот не е непознато име за „романтичарите“, откако настапуваше за Работнички во сезоните 2010/2011, 2023/2024 и 2024/2025. Летово беше дел од





