Студентите најавуваат целосна блокада на Белград и Нови Сад
Студентите во блокадата најавија целосна блокада на Белград утре од 7 часот наутро, и во Нови Сад од 6 часот наутро. Објавата дојде откако српскиот претседател Александар Вучиќ донесе одлука да помилува четворица активисти на Српската напредна партија кои беа на судење за напад врз студенти на 28 јануари, кога на едно девојче му беше скршена вилицата