Мајкрософт отпушта три отсто од вработените
Американската технолошка фирма Мајкрософт денеска објави дека ќе отпушти три отсто од своите работници на сите нивоа и географски локации. Според последните податоци, Мајкрософт имаше 228.000 вработени ширум светот кон крајот на јуни, што укажува дека оваа последна одлука ќе погоди околу 7 илјади работници.