Гарабаја оди по тенка линија во Пелистер, „сламката“ за спас се вика Вардар!
Во Битола владее големо незадоволство од она што Пелистер го прикажува на терените. Иако пред повеќе од две недели македонскиот првак на домашен терен победи еден клуб како што е Пик Сегед, сепак разочарувањето од меч во меч е големо. Се почна од мечот против Алкалоид. Избраниците на Кирил Лазаров во преполната сала „Боро Чурлевски“ му земаа бод на

