ФИБА ги издвои македонските рекордери пред стартот на Евробаскетот во Скопје и Гевгелија
Само неколку дена пред почетокот на ФИБА Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се игра во Скопје и Гевгелија, ФИБА се потсети на најзначајните рекорди во историјата на ова натпреварување. Меѓу носителите на историските достигнувања се наоѓаат и двајца македонски репрезентативци. Ненад Димитријевиќ










