Ова не се случило 74 години, влегоа од втора лига, а итаат кон титулата
Во швајцарското првенство се случува една вистинска фудбалска бајка, а главен креатор е екипата на Тун. Тоа е клубот кој минатата сезона играше во втората лига на Швајцарија, но беше најдобар и се избори за место во елитното друштво. Не само што влезе во Суперлигата, и тоа по пауза од пет години, Тун игра блескаво и по 23 одиграни кола е убедлив лидер



