24-годишна жена во Велес се породила и заминала од болница, оставајќи го новороденчето
СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 1 февруари 2026 година, по породувањето во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение, оставајќи го своето новородено бебе










