Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше
Денеска во 15.50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово – Дебар во која возило „фолксваген бора” изгубило контрола и паднало во реката Радика, соопшти полицијата. Во незгодата загинаа А.Ф. и М.Ф. од село Видуше, гостиварско. По насоки на јавен обвинител патничкото возило ќе биде задржано Полициска станица Гостивар









