Осум победи во низа на А-репрезентацијата – континуитет што испишува нова страница во македонската кошарка
Постојат победи кои се паметат по резултатот, победи кои се паметат по противникот и победи кои се паметат по начинот на кој се остварени. Но, постои нешто што во спортот има уште поголема вредност од една голема победа – КОНТИНУИТЕТОТ. Токму затоа, по последниот убедлив триумф над Австрија во Виена со 91:59, вреди да застанеме за момент и да погледнеме










