Проданоски: Прилеп го живее духот на традицијата – 25 години Карневал „Прочка“ и 100 години „Прилепски мечкари“
Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека градот пулсирал во карневалски ритам, обединет околу вековната традиција која се пренесува од генерација на генерација










