Браун назначен за нов тренер на Њујорк
НБА тимот Њујорк го назначи Мајк Браун за нов главен тренер, заменувајќи го Тим Тибодо, кој беше отпуштен минатиот месец откако клубот по долг период од 25 години успеа да стигне до конференциско финале на Истокот. Браун, 55 години, има две награди за тренер на годината и беше отпуштен од Сакраменто во декември, по завршувањето на својата втора сезона