Град Скопје најави дезинсекција против комарци во наредните четири дена
Граѓаните на Скопје во наредните денови треба да очекуваат терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Градот Скопје информира дека прскањето ќе се спроведува од 16 до 19 септември, во вечерните и ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. Дезинсекцијата ќе се врши на подрачјето на градот Скопје, со цел сузбивање на возрасните









