Димитријевиќ диригираше со 13 асистенции за дабл-дабл и нов триумф на Арис
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните партии во дресот на Арис, предводејќи го својот тим до нова победа во Еврокупот. Во натпреварот од 8. коло во салата „Никос Галис“ во Солун, грчкиот состав го совлада француски Ле Ман со 96:86. Димитријевиќ беше вистински диригент на теренот и го забележа својот прв дабл-дабл учинок



