Нова книга на Тина Иванова – темнината на животот и светлината на смртта
По премиерната промоција на годинешниот Саем на книгата, вечерва во еден светол агол во центарот на ова и вакво мајско Скопје, Тина Иванова го промовираше своето трето литературно дело „DANSE MACABRE“. Осум раскази кои во симбиоза танцуваат со смртта, љубовта и животот. Книгата ја издаде издавачката куќа „Магма“ од Скопје.