Лишен од слобода криумчар на мигранти во близина на границата со Грција, пронајдени пет лица од Виетнам
Вчера околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на с. Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У.Ш.(48) од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам. По наредба на јавен обвинител,









