Без вода утрово седум скопски улици
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (03.02.2026) поради промена на шибер на улица Анкарска бр.23 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Мојс, Панче Пешев, Римска, Наум Еуро. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.


